logo
logo
logo

Загина дете во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Vecer | 26.05.2022

Загина дете во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера во 14.45 часот се случила на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот.

Како што информираат од полицијата автомобил „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.В.(38) од Неготино, излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, велат од МВР.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk