logo
logo
logo

Заев: Знам кога ќе стигнат првите 3.000 вакцини, АМА КАКО ДА КАЖАМ, ШТО АКО НЕ ДОЈДАТ?

Vecer | 05.03.2021

Заев: Знам кога ќе стигнат првите 3.000 вакцини, АМА КАКО ДА КАЖАМ, ШТО АКО НЕ ДОЈДАТ?

Ние секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините. Јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 ама како да кажам, ако не стигнат?, одговори премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање.

Според Заев во недела се очекуваат преку ДХЛ да дојдат, а министерот се организира со амбасадорт да ги пречека и нормално да се пуштат во промет.

- Знаете дека вчера објавија и здравство и јас искоментирав јавна изјава 21.000 од Фајзер се потврдени до крајот на месецов, договорот е конечно стигнат после сите прашања коишто нивните правни служби ги поставија, рече Заев, објави Сител

Тој додаде дека стигнала и од Ковакс информацијата дека ќе испочитуваат до крајот на првиот квартал, тоа значи до крајот на месец март да стригнат првит еколичини веројатно и тие се накаде меѓу 20-30 илјади вакцини.

- Во март месец ќе почне масовната вакцинација. покрај здравствени работници, нормално тоа се возрасните граѓани, па оние со хронични болести. Секој ден се ќе носи некоја нова информација. Знаете дека се уште оечкуваме од Кина, каде што дури плативме аванс, па повлековме аванс, се со цел да потврди Министерството за надворешни работи дека е во ред, рече Заев.

Додаде дека  работат и министерот за надворешни работи и министерот за европска прашања, покрај министерот за здравство за час поскоро да гиу убрзаме количините.

- Се јавуваат нови понуди на Астра Зеника. Денеска имам разговор со британски претставници од наајвисоко ново, да видиме дали може за 7-10 дена и тие да стигнат заради тоа што се работи за ервропска, квалитетна вакцина, така што верувам дека за многу брзо време оваа со право летаргија којшато се јавува во општеството да биде отклонета и да продолжи процесот на вакцинација, кажа Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk