logo
logo
logo

Заев за возењето мотор: Уште кога ме избраа премиер кажав дека за викенд не работам

Vecer | 12.04.2021

Заев за возењето мотор: Уште кога ме избраа премиер кажав дека за викенд не работам

Имаше многу реакции на граѓаните за возењето на мотор на премиерот Зоран Заев со министерот за здравство Венко Филипче, во време кога Македонија се соочува со огромни бројки на починати од коронавирусот.

Зоран Заев денеска го коментираше тој потег.

„Уште кога ме избраа премиер, реков викенд не работам. Недела е ден за семејството, за себе. Лично јас ги полнам батериите со возење на мотор. Недела е ден кога секој човек заслужува да одмори, и јас секогаш кога можам, за време на викенд сум за семејството. Иако имам дозвола, не се движев никаде за време на полициски час. Направив една турнеја добра низ земјата, и тоа е ден на викенд. Јас не се кријам. Го правам тоа за себе. Ако јас би бил покорисен, ако можеме нешто плус да помогнеме и јас и министеро Филипче, секако од тоа мое лично право веднаш ќе се откажам. Но сме направиле дефинитивно се, и недела е ден за одмор“, рече Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk