logo
logo
logo

Заев за средбата Пендаровски-Мицковски: Нема зијан од дијалог

Vecer | 06.05.2021

Заев за средбата Пендаровски-Мицковски: Нема зијан од дијалог

Средбата на претседателот Стево Пендаровски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може само да биде од корист, нема зијан од тоа, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи за најавеното „одмрзнување“ на односите меѓу шефот на државата и опозицискиот водач.

„Нека има дијалог, Од тоа нема зијан. Гледате, мојата средба со Мицкоски, а потоа и со Зијадин Села и со Африм Гаши даде делумни резултати. Го одложивме пописот, почна набавката на скенерите за отпечатоци, а за возврат очекуваме деблокада на работата на парламентот. Така, се донесе петтиот пакет антикризни мерки, иако и тогаш требаше да доаѓаат во Собранието пратеници во скафандери“, рече Заев откако денеска се вакцинираше против ковид-19.

На прашање за изјавата на Пендаровски во врска со осудените за настаните во парламентот на 27 април 2017 година, Заев рече дека тука не станува збор за ново помилување, туку дека секој има право да побара ново судење доколку има нови докази и аргументи.

„Сме разговарале на таа тема со претседателот. Тој кажува отворено, а тоа е и мојот став дека секој може да побара постапка за ново судење ако има нови моменти или докази. Тука во никој случај не станува збор за помилување или за амнестија, туку за законски можности и за принципиелност“, рече Заев.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk