logo
logo
logo

Заев за Рашковски: Имам право на мислење, НЕ МОРА ДА СЕ СОГЛАСУВАМ СО ОБВИНИТЕЛКАТА

Vecer | 27.05.2021

Заев за Рашковски: Имам право на мислење, НЕ МОРА ДА СЕ СОГЛАСУВАМ СО ОБВИНИТЕЛКАТА

Имам право јавно да кажам и свое мислење за работа на независна инстутуција. Не мора да се согласувам со обвинителката и со тоа што таа го тврди, можам да се согласувам сто пати за сто случаи, за два-три или четири не можам и не морам да се согласувам, вели премиерот Зоран Заев објаснувајќи ја изјавата за Фокус дека не се согласува со обвинителката Русковска за случајот на Рашковски.

Заев одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека крајниот збор секако го има судот.

-  Како што кажувам и во тоа интервју – пред фактите и доказите и боговите молчат и кога е пресудата донесена, секако јас можам и да не се согласувам, но сум должен да ја почитувам, и тоа е така. Во слобода јавно се коментира и јавно се кажува секој што мисли, и тоа е доказ дека заврши времето на раководење и управување со обвинителствата и судовите во Република Северна Македонија. Секако, никој не е виновен додека не му се докаже вина со правосилна судска пресуда, како што никој не е изземен од законите и од одговорност, без разлика дали припаѓа на власта, на опозицијата или воопшто не е политички определен, рече Заев

Во интервју за „Фокус“ истакнувајќи дека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски не ја злоупотребил функцијата, Заев оцени дека Рашковски не е виновен во моментов, туку ќе биде виновен доколку се исполни и докаже сомнежот за злоупотреба.

– И денес тврдам дека не ја злоупотребил функцијата и има спроведено кристално чисти јавни набавки. Останувам на ставот дека Владата може да нарачува софтвер без да праша никого, а на министерството е дали ќе го користи, вели Заев за „Фокус“ и се согласува дека неговото мислење не го обврзува Судот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk