logo
logo
logo

Заев: Во португалскиот предлог за спорот со Бугарија се вклучени очекувањата на двете страни

Vecer | 24.05.2021

Заев: Во португалскиот предлог за спорот со Бугарија се вклучени очекувањата на двете страни


Португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за решавање на спорот со Бугарија и содржината на португалскиот предлог.

„Немам детали за страната на Бугарија односно за Софија како го разгледува предметот но според мене мислам дека португалското претседателство, португалскиот министер Агуста Силва заедно со неговиот тим воделе грижа за двете страни за да бидат вклопени очекувањата, кај нас рековме дека тоа е добра база, појдовна основа за решение, ние го дискутираме сериозно и веќе се одржаа неколку состаноци и ќе продолжат секако во текот на оваа седмица да се одржуваат, исто така гледам дека и во бугарската страна имајќи ја во предвид резолуцијата освоена во нивниот парламент, ставовите на бугарската страна тие го имаат сето тоа што е важно соодветно и алоцирано, дали е во договор за асоцијација и стабилизација, дали е во роуд мап или патната карта којашто претставува обврска на двете страни во идното позабрзано реализирање на договорот за пријателство и добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија или без разлика дали се работи за прашања коишто ниту еден народ не ги разговарал така и ние тоа е нашиот македонски јазик и македонскиот идентитет се секако строго заштитени но истовремено ја има опфатено и бугарската страна тоа е реалноста за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и секако си имаат свое право како што тоа го регулираат согласно нивните документи или резолуции да остане прашање за коешто и понатаму може да се разговара. Заради тоа што во неколку наврати јас до сега реков а и многу други наши високи политички личности дека очекуваме час поскоро Бугарија да го признае и официјално македонскиот јазик и македонскиот идентитет така да имаме еден важен документ јас сум многу позитивно изненаден заради тоа што една земја членка којашто е буквално на другата јужна страна од европскиот континент, не е толку блиску до Балканот е толку детално упатена, навлезена, креативна, инвентивна за да се изнајде решение затоа рековме дека секојпат е можно да се изнајде решение ако има добра волја од двете страни“, истакна Заев.

Тој како што рече, верува дека во Рим македонскиот и бугарскиот претседател ќе изнајдат некаков исчекор во надминување на проблемот кој како што потенцира дефинитивно ја кочи не само нашата туку и европската интеграција на целиот Западен Балкан.

„Како човек којшто го негува пријателството, дијалогот и дипломатските разговори за изнаоѓање на решенија на градење пријателство очекувам помеѓу нашиот претседател Пендаровски и бугарскиот претседател Радев да се изнајде некој исчекор во поглед на надминување на овој проблем којшто дефинитивно ја кочи европската интеграција на целиот Западен Балкан но и нашите европски перспективи, 16 и пол години правиме од кога сме земја кандидат, 2001 година имаме договор за асоцијација и стабилизација веднаш после Словенија а пред Хрватска, навистина никој аспирант за ЕУ којшто сакал да го продолжи понатаму патот не чекал толку како денеска Северна Македонија, јас верувам дека Бугарија ќе биде и понатаму силен поддржувач и на Северна Македонија но и на патот на европските интеграции на Западен Балкан севкупно заради тоа што тоа го покажаа неколку пати до сега посебно 2018 година организирајќи го самитот за Западен Балкан на ЕУ токму во Софија под раководство на премиерот Борисов и Владата, верувам дека европскиот дух којшто претседателот Радев го негува, но и нашиот претседател ќе биде доволен импетус помеѓу двајцата да направиме еден исчекор и да продолжиме понатаму во нашата европеизација а секако ние низ роуд мап ќе успееме да го забрзаме, ефектираме она што претставува спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, изјави Заев.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk