logo
logo
logo

Заев во Брисел на средби со Борел, Мишел и лидерите од Западен Балкан

Vecer | 18.05.2021

Заев во Брисел на средби со Борел, Мишел и лидерите од Западен Балкан


Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска патува за Брисел каде е предвидено да оствари средби со високи претставници од Европската Унија и со лидерите од Западен Балкан.

Вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, Заев ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба,  ќе се разговара за актуелни прашања за регионот во контекст напредокот на земјите во процесот за нивно пристапување во ЕУ.

Непосредно пред вечерата, премиерот Заев ќе оствари куса средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел.

Премиерот Заев оваа посета на институциите на ЕУ во Брисел ќе ја заврши утре со средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk