logo
logo
logo

ЗАЕВ: Владата ги охрабрува медиумите во достигнувањето на највисоките стандарди

Vecer | 06.03.2021

ЗАЕВ: Владата ги охрабрува медиумите во достигнувањето на највисоките стандарди

Премиерот Зоран Заев ги поздравува Насоките за професионално известување во онлајн медиумите што ги изработи Советот за етика во медиумите поддржан од ОБСЕ.

Како што напиша утрово на својот фејсбук профил, подигнувањето на професионалните стандарди во онлајн медиумите е многу значајно во ера на лажни вести. Владата, додава, ги охрабрува медиумските работници во достигнување на највисоките стандарди во нивната професија и ќе го задржи приоритетот да создава услови за нивно остварување.

-Ги поздравувам Насоките за професионално известување во онлајн медиумите што ги изработи Советот за етика во медиумите поддржан од ОБСЕ. Подигнувањето на професионалните стандарди во онлајн медиумите е многу значајно во ера на лажни вести и затоа сметам дека само на таков начин ќе се заштити и медиумската публика и граѓаните. Очекувам овој документ да помогне во одржување и развивање силен и кредибилен систем на саморегулација на онлајн медиумите, што секако ќе го зајакне и независното, професионално и одговорно новинарско известување. Владата им честита и ги охрабрува медиумските работници во достигнување на највисоките стандарди во нивната професија и ќе го задржи приоритетот да создава услови за нивно остварување, наведува премиерот Заев.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk