logo
logo
logo

Заев: Веќе 3-ти или 4-ти пат користам хеликоптер

Vecer | 02.04.2021

Заев: Веќе 3-ти или 4-ти пат користам хеликоптер

Премиерот Зоран Заев вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека досега 3 или 4 пати за службени потреби користел хеликоптер на МВР.

Вели дека не е проблем да даде одговор на ова прашање, но и дека како премиер често пати знае да патува со приватен автомобил. Заев рече дека можеби има страв од летање, но мора. Заедно со министри денеска со хеликоптер патуваа до Прилеп и назад. За ова имаше критики од ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамно е оправдувањето на владата на Заев дека тој и Филипче патувале во Прилеп со хеликоптер за да имале време за дневните агенди и кабинетски обврски. Нивната измислена обврска денес, поради која се потрошија илјадници евра, беше само да се сликаат кај модуларната болница која е во градба – бидејќи со лопати во раце не ги видовме. Нивната реална обврска не е да летаат со хеликоптер туку да набават вакцини за населението. Заев и Филипче ја злоупотребуваат моќта летнати во облаци, додека обичните граѓани се изложени на загаден воздух и смртоносен вирус“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека за ова мора да има одговорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk