logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Заев тврдеше дека договорот со Бугарија е најдобар, а сега сака да прави нов“

Vecer | 23.06.2021

„Заев тврдеше дека договорот со Бугарија е најдобар, а сега сака да прави нов“

На народот му е преку глава од глупостите и лагите на Заев, Македонија со него само губи, време е за оставка. Зоран Заев пред 2 години нè убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања со соседите, а сега кажува дека проблем се корењата. Кога Заев нè лажел тогаш или сега, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на интервјуто на премиерот Зоран Заев за Телма.

-Заев тврдеше дека договорот со Бугарија е најдобар, а сега гледаме дека сака да прави нов, кој ги негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев работи лошо и на штета на народот.

- Заев кажа дека ќе ја воведе таканаречената зелена такса која ќе значи покачување на цената на горивата за нови 4.13 денари. Зголемувањето на цената на горивата ќе значи зголемување на цените на цела низа производи во чие производство се користат горивата, ќе се зголеми цената и на транспортните услуги и трошоците на земјоделците, велат тие.

Тие потенцираат дека  Заев ќе собере 54 милиони евра годишно од зелената такса, а ќе остави илјадници семејства со проблеми во егзистенцијата.

- Време е да им ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk