logo
logo
logo

“Заев треба да му каже фала на Груевски“

Vecer | 06.05.2021

“Заев треба да му каже фала на Груевски“

Гордана Димитреска Кочоска беше дел од министерството за финансии во предизборното време на техничката влада, важи за респективен финансиски експерт и на својот Фејсбук профил објави низа сознанија и констатација дека сегашниот премиер Зоран Заев треба да му каже фала на поранешниот премиер Груевски за концептот и создавањето на индустриските зони со чија работа сега Заев се фали:

Повторнo помпезен ПИАР на Владата. Дали е извозот годишно пораснат за 29% во првиот квартал на 2021 година!

Ако ја гледаме вредноста во долари да.

Ако ја гледаме вредноста во денари и евра НЕ. Вредноста на извозот во денари (и евра) е порасната за 18% во првиот квартал на 2021 година во однос на истиот период лани. Растот од 29% е врз база на доларската вредност и во себе ја содржи депрецијацијата на американскиот долар од околу 8,5% за една година (или апрецијацијата на еврото и денарот во однос на доларот).

Плус, ова е номинален раст од 18%, тоа значи во себе содржи и количинска и ценовна промена. Вистинскиот раст на извозот (количински) кој е составен дел и од БДП, дава друга слика.

Податоците за март за извезените количини сѐ уште не се објавени, но во периодот јануари-февруари 2021 година во однос на истиот период лани имаме количински пад на извозот од 4,9%, при номинален раст од 9,8%. Ова значи дека не произведуваме и извезуваме повеќе, туку дека растат цените на извезените производи.

И уште нешто, Заев и Владата се фалат за растот на извозот којшто во најголем дел е генериран од новите производствени капацитети во слободните индустриски зони.

Оние кои ги донесе претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа жестоко критикувани од оваа Влада. Не знам на овие од власта како не им е срам! Или пак, па и нема со што да се пофалат самите, не направија ништо за 4 години владеење! Добро е што претходните политики уште не вадат како држава и во ваква криза!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk