ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Заев: Свети Николе е жедно за промени, да ги довршиме заедно

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на Свети Николе да го заокружат бројот 19 на локалните избори, за живот во градот и во Македонија.

Се менуваат работите, овој плоштад покажува дека за промени е жедно и ова убаво место, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Свети Николе.

- Ви ветувам, младите ќе живеат тука, ќе работат тука, овде ќе чекаат и деца и внуци. Но, нема развиена татковина без развиени општини, нема среќна Македонија, без среќни луѓе. Не дозволувајте општината да ви е во заложништво, еве слободна е, Македонија слободно дише. По 11 години режим, Македонија е комплетно финансиски стабилна и почнавме со социо-економските мерки - рече лидерот на СДСМ.

Тој истакна дека повеќе нема да има криминални тендери и оти се заштедиле 45 милиони евра, што според него, се десетгодишни буџети на Свети Николе.

- Свети Николе има одлични перспективи, со вакво плодно земјиште, со ваква географска поставеност, трансферзали, од вас зависи. Да ги довршиме промените - додаде Заев.

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на Свети Николе да го заокружат бројот 19 на локалните избори, за живот во градот и во Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари