logo
logo
logo

Заев со службени возила и придружба на партиски состанок во Бутел

Vecer | 20.10.2021

Заев со службени возила и придружба на партиски состанок во Бутел

Во ден кога Зоран Заев јавно изјави дека ја разбрале пораката од народот, кој, како што истакна, им дал жолт картон за досегашното работење и најави дека ќе има промени во нивното делување, лидерот на СДСМ, продолжи со праксата на злоупотреба на службените и државни ресурси.

На партиски состанок во општина Бутел, Заев вечерва, со цела придружба и свои сопартијци пристигна со службени возила.

На тој начин Заев повторно покажа дека неговиот збор и јавни настапи немаат никаква тежина и дека тој не ни помислува да престане со користење на државните ресурси, платени со народни пари, да ги злоупотребува за лични и партиски цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk