logo
logo
logo

Заев со ново ОПРАВДУВАЊЕ за бришењето на историјата: Нацистичка Бугарија не е иста со сегашната

Vecer | 25.09.2021

Заев со ново ОПРАВДУВАЊЕ за бришењето на историјата: Нацистичка Бугарија не е иста со сегашната

Јас, моите деца и моите родители сме учеле дека Втората светска војна е настаната под организација на нацистичка Германија, на која се приклучила нацистичка Италија, а потоа и други земји. Точно е дека тогаш се приклучила и нацистичка Бугарија и тука не треба да има дилема. Но, тоа била нацистичка Бугарија и не е истата како сегашна Република Бугарија. Ова го рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција запрашан околу најавата за бришење на терминот „бугарски окупатори“ од учебниците и спомениците.

– Не станува збор за никакво бришење на историјата. Бугарија тогаш донела одлука да стапи во пакт со фашистичките земји, а Македонија во тоа време донела одлука да им се приклучи на антифашистичките сили. И тука нема дилема. Фашизмот останува и нема да биде отстранет ниту еден споменик. Сите си го знаеме нашето минато, горчините и предавствата. Но, од нас зависи дали ќе стиснеме заби и ќе влеземе во Европа, давајќи им шанса на идните генерации. Ние ги носиме одлуките и ние одлучуваме како да живееме во иднина и како да ги креираме нашите патишта – рече Заев.

Тој истакна дека очекува зелено светло од Бугарија најскоро во декември годинава.

– Најскоро во декември годинава очекуваме зелено светло од Бугарија и тогаш ќе можеме да го направиме следниот чекор. Сè што ќе се постигне како договор и сè што ќе се земе како обврска ќе биде паралелно и обострано спроведувано откако ќе ја добиеме поддршката – истакна Заев, додавајќи дека нашиот источен сосед го прекршил Членот 2 од Договорот за добрососедство кој вели дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk