logo
logo
logo

Мицкоски со одговор за обвинувањата за профитерство:

Заев сетете се на малата Тамара, Монструм, Нешковски, како ги злоупотребувавте случаите за да седнете во фотелја

Vecer | 20.09.2021

Заев сетете се на малата Тамара, Монструм, Нешковски, како ги злоупотребувавте случаите за да седнете во фотелја

Ако некој злупотребувал човечки судбини за политиканство тоа е Зоран Заев, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел во „Само вистина“ на Канал 5, одговарајќи на обвинувањата на Заев за политичко профитерство во врска со случајот во модуларната во Тетово.

Мицкоски го потсети Заев како лично тој манипулираше и злоупотребуваше човечки судбини само за да дојде на власт и да седне на фотелја, притоа потсетувајќи го на случаи како малата Тамара, Нешковски, Смиљковско езеро.

- Сетете се на малата Тамара, сетете се како ги лажевте родителите на децата од Смилковско езеро, сетете се на Саздо, на Мартин Нешковски. Ако некој злоупотребувал човечки судбини за политиканство тоа сте вие. Мене тоа никогаш не ми се случило ниту ќе ми се случи, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е државоторна партија и никогаш не злоупотребувала несреќи за разлика од СДСМ и Заев кои се пример за злоупотреба на човечки несреќи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk