logo
logo
logo

Заев се попиша

Vecer | 26.09.2021

Заев се попиша

Премиерот Заев заедно со семејство во својот дом во Струмица ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување.

Како што истакнал тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата врз основа на добиените податоци да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија.

– Остануваат уште четири дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика. По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните, рекол премиерот Заев, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот, нагласил премиерот Заев, да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk