logo
logo
logo

Заев се појави во Собрание и ПОБАРА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДА

Vecer | 03.03.2021

Заев се појави во Собрание и ПОБАРА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДА

Премиерот Зоран Заев попладнево дојде на собраниска седница и од пратениците усно побара да се гласа доверба на Владата.На седницата се присутни сите пратеници од владејачкото мнозинство.

Според Деловникот прашање за доверба на Владата може да се побараат најмалку 20 пратеници во писмена форма и со образложување на причините. Прашање за доверба на Владата може да постави и Претседателот на Владата во писмена форма или усно на седница на Владата.

Кога прашањето за доверба е дадено усно ,Претседателот на Собранието го известува за тоа претседателот на државата.Седницата за доверба на Владата треба да се одржи три дена по поставеното прашање, во сабота.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk