logo
logo
logo

Заев прозборе и на бугарски или барем така мислеше (ВИДЕО)

Vecer | 17.06.2021

Заев прозборе и на бугарски или барем така мислеше (ВИДЕО)

Откако се покажа на англиски, српски, па дури и на француски јазик, премиерот Зоран Заев сега прозборе и на бугарски јазик за време на неговата денешна посета во Софија во која имаше повеќе средби со бугарските власти.

Заев овој пат изјавата дадена за бугарската БТВ ја започна на македонски јазик велејќи дека ние сме биле братски народи кои треба да внимаваат на интересите на двете држави,  и потоа се истакна со бугарскиот кој беше некој микс, вметнувајќи по некој бугарски збор во изјавата.

„Кога ќе бидат институциите во Блгарија готови и спремни да поткрепат Македонија, ние тука ќе прифатиме. Но, важно е да испратиме пораките на пријателство заради тоа што сме братски народи и мораме да испратиме внимателни пораки на младите хора. На них оставаме бдштето и каква историја денеска пишеме това е наша одговорност на висчките заедно“, рече Заев.

На прашањето каква историја се пишува тој рече, европска, братска, евроатланска која ќе биде за доброто на младите генерации.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk