logo
logo
logo

Димовски: Заев призна дека ОВАА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО ИСТЕРА ЦЕЛИОТ МАНДАТ

Vecer | 08.03.2021

Димовски: Заев призна дека ОВАА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО ИСТЕРА ЦЕЛИОТ МАНДАТ

Оваа Влада е политички и кадровски истрошена, има министри кои веќе не ги гледаме во јавноста, не пласираат политики, не пласираат проекти и програми, исто така има министри во Владата кои се полни со скандали, дали имаат НАТО сертификати, дали не им се спроведуваат политиките, не им поминуваат крупни проекти и наидуваат на силни реакции од јавноста, вели Илија Димовски за 24 Анализа.

Според него самиот Заев призна дека на Македонија и треба нова Влада и дека  оваа Влада не може да го истера целиот мандат, односно не може да ги спроведе политиките коишто се неопходни.

-Сме немале до сега влада со толку мало мнозинство во Собранието со 62 пратеници, сме немале мнозинство во Собранието со толку различни политички партии кое е толку сегментирано, кое е ужасно тешко да се одржува, а опозицијата и македонските партии и албанските партии прилично компактно и во кохабитација функционира и го поставуваат опозициското дејствување, а оваа Влада како уште еден факт многу лошо се справува со коронакризата, вакцините, бројот на смртност и заразеноста, а економската ситуација е се полоша, истакна Димовски.

Димовски посочи дека најавената нова влада дали ќе биде широка, техничка, со рекомпозиција на ова мнозинство, дали ќе биде Влада за национален спас, дали ќе биде експертска, доаѓаме со фактот дека Заев пратил сигнал дека на Македонија и е потребна нова влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk