logo
logo
logo

Заев: Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија

Vecer | 25.06.2021

Заев: Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија


Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија, пишува премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

Премиерот е дециден дека нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди.

„Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан. Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство. Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји-членки на ЕУ“, пишува Заев.

Тој и денеска повтори дека македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори. Никој и со ниту еден акт, додава Заев, не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото и човековите права.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk