Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД, и доби црвено светло од Вашингтон. Заев наместо да ја сфати пораката го предлага за амбасадор во ОН. Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потенцираат дека Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам.
- Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите. Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал, истакнаа од партијата.
Тие посочуваат дека Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус.
- Фрчкоски е човек кој што со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да слон во продавница за порцелан, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.