Пораката на американскиот претседател Џо Бајден е потврда за демократските вредности, и сериозна порака на охрабрување и мотивација дека сме на вистинскиот пат истакна премиерот Зоран Заев коментирајќи ја наредбата на Бајден, со која се прошири опсегот на санкции за поединци и организации од земјите на Западен Балкан, што ја загрозуваат стабилноста на регионот, а во декретот се додадени и Преспанскиот и Охридскиот договор.

Тоа е порака на демократски вредности за кои се бориме и претставува своевидна најголема потврда за вредностите за кои оваа Влада се залага, рече Заев.

„И во едни такви околности, навистина е испратена порака за еден куп негатори, мрчатори, поткупувачи, блокатори и сл, во државата дека ова е пресериозна работа за некој да може да си прави политиканство на нездрави основи“, истакна Заев.

Тој изрази задоволство што, како што рече „првиот и најголем стратешки парнер на земјава, САД, преку Бајден, стави фокус и внимание кон Западен Балкан“.

Фокус и внимание кон вредностите за кои се залага оваа Влада и испрати порака кон сите поткупувачи на овие демократрски вредности дека навистина тоа што може САД да го направи, да блокира сметки таму, или да забрани патувања на другите, а не е малку, срамот некој нека го носи па нека му е со здравје ако се обидува и понатаму тоа да го прави”, предочи премиерот.

Дефинитивно, рече Заев имаме ветер во грб сите што веруваме во демократијата, во слободите и во отстранувањето на девијантните појави во општеството.

Запрашан кому е наменета пораката, Заев вели дека текстот е многу јасен и чист и додаде оти во него може да се препознае дека прво почнува од Преспанскиот договор кој се вреднува но и Охридскиот рамковен договор, за кој оваа година славиме 20 години, резолуциите за Косово, Дејтонскиот за БиХ итн.

„Тоа се договори сите создадени на барање на помош од пријателите, меѓу кои секогаш биле САД. Затоа напорите кои се направени се навистина за обезбедување и гарантирање добра иднина на Балканот и таа до денеска е гарантирана. Нема нови војни, нема најави за нови војни и тоа е многу значајно, но не е доволно, нагласи Заев.

Според него, потребно е уште да се унапредат правата, слободата, транспарентносата, отчетноста, одговорноста и се што е важно за едно демократско општество.

„Посочено гледам токму кај оние што се борат против тоа, односно на директен или индиректен начин гледаат да го минираат, да го оспорат, да го блокираат сета тоа што претставува извесна иднина, едниствена според мене на Западен Балкан и на Македонија“, потенцира Заев.

makfax.com.mk