Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција со Еди Рама упати критики кон ЕУ, бидејќи не успеала да ја спречи блокадата на Бугарија, а во однос на тоа прашање изјави дека Во предлогот што македонската Влада и го доставила на Бугарија за решавање на спорот, македонската страна, меѓу другото, прифатила дека имаме два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, дека имаме заедничка историја и дека прифаќаме дека има луѓе кои веруваат дека сме ист народ.

Тој тоа го откри на прес конференцијата  на која рече дека ЕУ има проблем што 26 држави дозволиле Бугарија да не блокира.

-Потврдуваме дека постојат луѓе коишто веруваат дека сме припадници на ист народ, како што има и многу луѓе кои веруваат дека сме два засебни и посебни народи. Прашањето за идентитетот и јазикот не го отворивме, Бугарија не ни го побара тоа, рече Заев.