logo
logo
logo

Заев понуди заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, но со услов од „Мериот коалицијата“ – Мицкоски да биде сменет!

Vecer | 06.03.2021

Заев понуди заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, но со услов од „Мериот коалицијата“ – Мицкоски да биде сменет!

Зоран Заев е подготвен да ја дели власта со ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за Слободен печат, Заев предлага почнување меѓупартиски разговори, кои би резултирале со формирање Влада предводена од партијата што ќе добие повеќе пратеници и со соодветно распоредување министри. Со тоа, би се решиле блокадите на парламентот, клиентелизмот во судството, партизацијата на администрацијата и други прашања.

Но, Заев има и еден услов – Мицкоски да не е лидер на партијата.

,,Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат….

Владата не би била техничка, прецизираше Заев, туку политичка, по примерот на соработката што ја имаат партиите од левицата и десницата во Германија и Швајцарија.. На ваков начин очекува да запрат антагонизмите во општеството и со сите расположливи капацитети да се направат потребните реформи во државата..

-Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот. Второ, да ја департизираме администрацијата, а тоа е можно ако двете страни се внатре.. Во таква околност, ние ќе го забрзаме нашиот од, напред. Исто како во Германија каде 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи, повеќе е застапен и премиерот е на власт, или обратно. На тој начин ќе престанат блокадите во Парлементот, се ќе се решава прво тука во Владата, вели Заев.

Политичка „бомба“ на премиерот Заев доаѓа во пресрет на конгресот на СДСМ закажан за 21 март, на кој се очекува тој да биде реизбран за партиски лидер.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk