Заев: Патриотизам на гладен стомак нема. Мицкоски: Ти Зоране ги урна сите позиции на Македонија (ВИДЕО)

Вие, Зоране го урнисавте процесот на преговори за името, го обвини Мицкоски претседателот на Владата, потсетувајќи го дека пред две години за германски Шпигел изјавил дека нема да го менува уставот за да се промени името, за денес да изјавува дека е спремен да го смени и уставот на државата со цел промена на името.

 

Мицкоски додаде дека Заев води егзибиционистичка дипломатија, со која се урнати сите постулати на државноста, а сите позиции за преговорите се урнати и ниту еден политичар во иднина нема да може да ги поправи.
Премиерот Зоран Заев во тв дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека се посветени да ја сочуваат достоинственоста, и да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО, со цел подобар живот на граѓаните.
„Патриотизам на гладен стомак нема. Граѓаните на избори бираат лидери"- рече Заев.
Заев вели дека решенија мора да се бараат со Грција за името, а во времето на ВМРО-ДПМНЕ се глумело патриотизам и се преговарало тајно. Премиерот вели дека НАТО и ЕУ се иднината на нашите деца.
За Мицкоски ова не оди на добро, и додава дека се води егзибиционистички целиот процес.

Поврзани

Најнови вести

Коментари