Заев: Нема одговорност кај министерот за внатрешни - Груевски е кукавица и ќе биде вратен (ВИДЕО)

Знам дека нема одговорност кај министерот за внатрешни работи, бидејќи се направени сите чекори од негова страна. Се водат две истраги – една е од внатрешна контрола, другата е од обвинителството, изјави премиерот Зоран ЗАев во интервју за 360 степени на АлсатМ.

- МВР постапило откако ја добило наредбата. Треба да се истражи како излегол од станот, како поминал граница, бидејќи сите други движења се познати веќе, ни дадоа податои Албанија и Црна Гора, вели Заев.

Зошто УБК постапувала за Јанакиески, а не за Груевски?
- УБК постапувала во рамките на своите овластувања и наредбите. Истрагата ќе покаже како избегал Груевски и како полицијата постапувала.

Дали ова е срамен чин за целата држава во триаголникот СЈО, Суд, МВР?
- Системот дал слабости, истрагата ќе покаже чија е слабоста. Не гледам дека има одговорност кај Оливер Спасовски. Од кај да знам дали е партиски војник некој полицаец, не сакам никого да обвинам или посочам. Промили се променети во МВР во кадровска смисла. Нечесно е пред да заврши истрагата премиерот да посочи со прст кон директорот на УБК или Јавна безбедност, не можам да барам одговорност ако не ги знам деталите.

- Не значи дека сум во право и за Оливер Спасовски, до детали сум известен од него, не можам сите детали да ги објавам поради сензитивноста.

- Груевски е кукавица и осуден криминалец. Тој покажа колкава кукавица е.

Ние очекуваме од премиерот да го обезбеди бившиот премиер осуден да лежи.
- Ние не сме исти со режимот, МВР постапувала согласно своите овластувања, до каде законот дозволува да се делува.

- Ако има одговорност, ќе ја понесе кој сака нека е во државава, почнувајќи од мене. Но нечесно е затоа што е гневна јавноста да разрешување секого. Истрагата мора да заврши, почсо Заев во интервју за 360 степени.

- Аргументите се на моја страна. Груевски ќе биде вратен. И Санадер исто беше... Груевски и Унгарија треба да одговорат дали бил киднапиран и дали по сопствена воља влегол во дипломатска кола и преку земји на ЕУ и НАТО избегал во земја на ЕУ и НАТО.

- Со право јавноста е гневна, но тоа не значи дека премиерот треба да ја разреши пола извршна власт, ја разбирам гневноста на јавноста...Граѓанин сум граѓанин сте, можете да кажете кој е одговорен?

СЈО, Судот или МВР
- Значи треба да се утврди одговорност.

Премиерот потврди дека постот на Груевски на ФБ е напишан надвор од Македонија во интервјуто за 360 степени на Алсат.

Тој напоменува дека треба да се одзема и лична карта, а не само пасош, бидејќи со дел од земјите во соседството може да се помине со лична карта.

Поврзани

Најнови вести

Коментари