logo
logo
logo

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија, тој не може да биде друго освен СДСМ

Vecer | 05.05.2021

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија, тој не може да биде друго освен СДСМ

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на партијата Бранко Црвенковски ќе формира нова партија.

На шпекулациите дека Црвенковски ќе се здружи со незадоволните членови на СДСМ во нова партија, Заев вели дека треба новинарите да го прашаат поранешниот претседател.

„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, затоа не верувам во вакви приказни кои се присутни во јавноста дека тој ќе формира нова партија, но дефинитивно треба да го прашате. Тој беше претседател на партијата долг период, претседател на државата. Верувам дека шпекулациите како и за многу други работи се присутни. СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и преземање на власта. Нашата намера е така да продолжиме. Ние на овие избори повторно ќе настапиме со единство, ќе ги избереме најдобрите кандидати. Граѓаните очекуваат да ги препознаеме вистинските ликови за да ги номинираме. Внимателно слушаме, истражуваме преку анкети“, рече Заев.

Тој додаде дека во СДСМ секогаш имало различни мислења, како и дека некогаш се прифаќаат предлозите на членовите, некогаш раководството ги повлекува предлозите бидејќи не се прифатени од членовите, а се со цел да се чуе сечие мислење и да се спроведе тоа што е најдобро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk