logo
logo
logo

Заев НЕ размислувал за ОСТАВКА

Vecer | 16.09.2021

Заев НЕ размислувал за ОСТАВКА

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

-Мицкоски да дојде, премеир да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик- премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алетрнатива  е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, истакна Заев по посетаста на новата фабрика за кабли во Сарај.

Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави.

-Трагедијата не погоди сите и ќе ја памтиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи, нагласи премиерот.

Тој уште еднаш рече дека сите покажале чувство на одговорност, доаѓајќи веднаш на местото на несреќата за да помогнат некако. Злоуптребувањето на болката низ која минува цел народ, рече Заев, е чисто политиканство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk