logo
logo
logo

Стефан Андоновски:

Заев не ја заврши домашната задача, а на маса со Бугарија ги стави Гоце Делчев и јазикот

Vecer | 11.05.2021

Заев не ја заврши домашната задача, а на маса со Бугарија ги стави Гоце Делчев и јазикот

Јавноста треба да ја знае реалноста, многу  лесно да излегуваме со флоскули во кои ќе велиме дека имаме политичка поддршка, но другите држави одат и добиваат поддршка во пракса, ние не, изјави за Топ Тема на Телма, Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека проблемот е што Заев не ја заврши ни домашната задача, а на маса ги стави да преговара за јазик, Гоце Делчев, дали во Струмица и Петрич се разговара ист јазик и Куманово дали било ослободено или администрирано од бугарската војска во втората светска војна.

- Не очекувам дека ни во јуни, ни додека е Заев на власт, Македонија ќе отпочне преговори со Европската Унија заради надворешни фактори, но и заради внатрешни фактори. Бугарија успеа да ја позиционира Европската Унија на тој начин да биде „или прифатете се што бара Бугарија, или нема преговори“ и тоа е проблем затоа што истиот го немавме пред 2017 година. Заев тврдеше дека само да ги потпишеме договорите и нема проблем,  а сега договорите се камен во чевелот на македонските граѓани на патот кон ЕУ, рече Андоновски.

Андоновски нагласи дека разочарувањето кај македонските граѓани за  Европската Унија е многу големо затоа што имавме големи ветуваа. Владата на Заев дојде со став дека веднаш ќе не внесат во ЕУ, но не само што не не внесоа, туку и владата на СДСМ не постави црвени линии, а ниту прифати тие да се изгласаат во Собрание.

- Во Македонското Собрание СДСМ не прифати да имаме национален став по клучните прашања за идентитет и јазик, додека во Бугарија таква декларација беше донесена со огромно мнозинство и затоа не очекувам дека оваа техничка влада во Бугарија ќе оти спроти таа национална платформа, потенцира Андоновски.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk