logo
logo
logo

Заев: Не е добро да стојат пари на странска сметка, затоа ни го вратија авансот за кинеските вакцини

Vecer | 01.03.2021

Заев: Не е добро да стојат пари на странска сметка, затоа ни го вратија авансот за кинеските вакцини

Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка, рече премиерот.

Не е добро да стојат пари на странска сметка, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето зошто кинеската компанија за производство на вакцини „Синофарм“ ни го вратила авансот кој беше даден за набавка на вакцините.

– Не е добро да стојат пари на странска сметка, но процедурата е во тек. Јас и денеска чекам информација од Кина, за веднаш да ја продолжиме постапката за набавка на кинеските вакцини. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапката. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина – истакна премиерот Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk