logo
logo
logo

Заев најавува пресврт за Град Скопје во вториот круг (ВИДЕО)

Vecer | 22.10.2021

Заев најавува пресврт за Град Скопје во вториот круг (ВИДЕО)

Во дебатата на ТВ 21 тој не одговори конкретно на прашањето дали ќе си поднесе оставка доколку по вториот круг на локалните избори СДСМ го изгуби Скопје и поголем дел од општините, но рече доколку тоа се случи, политиките на власта тешко ќе се остваруваат. Сепак, дециден е дека не се потребни нови предвремени парламентарни избори и најави дека после изборите, на 31 октомври, веројатно ќе се случи окрупнување на мнозинство

Градот Скопје е симболот на победата, веруваме дека можно е да се направи пресврт во Град Скопје заради тоа што вториот круг е многу порасчитена, поразбистрена ситуацијата , „црно-бело“ и верувам дека успехот е можен, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во дебата на ТВ21.

Тој тврди дека СДСМ не изгуби од ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи какошто објасни, ВМРО ДПМНЕ во споредба со било кои претходни избори е има помал број на гласови и го посочи резултатот на Коце Трајановски од 101 000 гласови во 2017 година, и сегашните 85 000 на Данела Арсовска со ВМРО – ДПМНЕ во коалиција со Алијанса за Албанците.

Заев ги спомена и гласовите од кандидатот на ЛДП и ДОМ и за Ана Петровска и другите независни кандидати, за кои гласале 26 илјади граѓани и, како што вели, по филозофијата на определба тие секако не припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО – ДПМНЕ не само што не држи константа, туку паѓа континуирано паѓа. Проблемот е, ние го добивме жолтиот картон од нашите гласачи. Членството, активностите се тука, имавме со што да се пофалиме – комплетно еден нов концепт се демонстрираше и во Скопје и во општините. Модернистички наспроти барокниот. Тоа е паралелата којашто може да ја направиме“, рече Заев.

Тој е убеден дека сакале да ги казнат, нивните гласачи ќе излегле да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ, но уште еднаш повтори дека пораката е примена. Заев рече дека граѓаните ќе се определат дали сакаат да го вратат режимот, барокот, спомениците или сакаат сите тие пари да се насочат во нови зелени површини, нови паркови, нови мостови, булевари, модеренистички решенија.

Нема „Едно општество“ ако со Скопје управуваат националисти

„Со победа на ВМРО-ДПМНЕ немам дилема што се враќа, нивниот однос, карактерот на луѓето, на политиката се враќа режим, тоа се истите луѓе без дилеми. Владата предводена од мене не може да влече напред кон ЕУ кога имате политики на локално ниво коишто ќе направат се да се скараат со Бугарија, со Грција. Јас можам да се борам за едно и еднакво општество, да обединувам дома, но нема напредок ако дојдат националисти во градот Скопје и луѓе скриени позади независна кандидатка“, рече Заев.

Тој во овој контекст го спомена речникот на каандидатката за Скопје зад која застана ВМРО-ДПМНЕ, зборовите на, како што рече непријателство со соседите заради тоа што не е поканета таа комора на состанок…

„Јас ги знам по структура ваквите личности и моја должност е да ги знам без разлика колку е тоа затскриено под коалиција на ВМРО и Алијанса“, рече Заев.

Тој не одговори конкретно на прашањето дали ќе си поднесе оставка доколку по вториот круг на локалните избори СДСМ го изгуби Скопје, но и поголем дел од општините, но рече доколку тоа се случи, политиките на власта тешко ќе се остваруваат.

„Во такви околности јас како претседател на Влада и Влада предводена од мене не можете да влечете напред кон Европската унија кога имате политики на локално ниво кои што ќе направат се за да се скараат со Бугарија со Грција, во моментот две земји членки на Европската унија кои што само можат да молчат и нема напред. Така што 31-ви е all in. Се носи одлуката и треба да си знаат. Ова не е ниту закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му, од партијата дека е таму и таму. Важно е само народот и државата. Сето друго и менливо и минливо“, рече тој.

Дали е можно да има предвремени парламентарни избори за кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги бара по резултатите од локалните избори, Заев вели дека Владата е стабилна и нема потреба од такво нешто.

„Не мислам дека во државава треба да има парламентарни избори. Тоа што јас го кажав дека јас и Влада предводена од мене, тоа не значи дека треба да има парламентарни избори. Впрочем, вчера е истиот ден во кој што е потврди стабилно политичко мнозинство и нема тука дилема. Не може, не Мицкоски, кој сака нека е, да привлече од тоа мнозинство затоа што не нуди нешто подобро. Во моментот кога ќе понуди нешто подобро тогаш, се е отворено и тоа е демократија“, рече Заев во дебатата на ТВ 21.

Тој вечерва најави дека после изборите, на 31 октомври, веројатно ќе се случи окрупнување на мнозинство.

„Има некои гласини што се случуваат и јас како претседател на најголемата политичка партија го анализирам. Прво, имаме едно незадоволство на потценување на Алтернатива во коалицијата Алијанса – Алтернатива, тоа веројатно си има свои корења од парламентарните избори, а се рефлектираше во распределбата на одговорните со кандидати и советници меѓу Алијанса и Алтернатива еден дел, затоа се добиваат ваквите пораки кои доаѓаат од Алтернатива“, рече Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk