Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска изјави дека патните трошоци за пратениците претставуваат голема сума за граѓаните. Тој рече дека преку дебата треба да се пронајде прифатливо решение за граѓаните и за пратениците.

„Можеме да им купиме возила на сите пратеници, да им обезбедиме станови во Скопје. Можеме да ги промениме начините на патување преку реорганизација на Деловникот. Пратениците имаат недели за дебата, за гласање и да бидат со своите граѓани, а конечна цел е да го слушнеме гласот на граѓаните кои во моментов се критички настроени, како и ние кога бевме опоизиција“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со патните трошоци на пратениците.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари