logo
logo
logo

Заев – Ламорџезе: Почетокот на преговорите е значаен и за Македонија и за ЕУ

Vecer | 30.11.2021

Заев – Ламорџезе: Почетокот на преговорите е значаен и за Македонија и за ЕУ

Како што соопштуваат од Владината прес-служба, на средбата се потврдени добрите односи помеѓу двете земји во областа на образованието, економијата, културата, одбраната, науката при што е констатирано унапредување на односите со најавеното потпишување на Анти-дрога меморандумот за разбирање, што ќе придонесе во зајакнувањето на заедничката борба против криминалот и корупцијата. Поздравени се, се додава, направените реформи во оваа област во нашата држава, со коишто се смета дека се зголемени капацитетите на органите за справување со криминал и корупција. Оценето е дека ги има предусловите, како што се посочува, да се продолжи на патот кон ЕУ, како и дека е ова стратешки значајно од безбедносен и економски аспект. Премиерот Заев се заблагодари за големото пријателство помеѓу двете држави.
– Италијанската Република е стратешки сојузник и партнер во евро-атлантските процеси на нашата земја, но и голем пријател, што се покажува преку споделената солидарност секогаш кога е тоа потребно, каков што е примерот со вакцините за време на пандемијата. Преку потпишувањето на Анти-дрога меморандумот ќе ја унапредиме заедничката борба против криминалот и корупцијата кон што сме силно определени. А со унапредувањето на институционалната соработка меѓу државите, отвораме пат и за унапредување на добрата економска соработка, што е од значење за граѓаните и за бизнисите, рече премиерот Заев.
На средбата беа споделени искуства околу подигнувањето на јавната свест за значењето на вакцинацијата, како и околу почитувањето на мерките за заштита во услови на пандемијата, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk