Заев: Имаше гласини дека некој ќе бега, но не можевме да преземеме ништо

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека постоеле гласини дека некој може да бега, но власта не можела да презеде дејствија за некој кој сè уште е слободен човек и кој нема упатен акт за затвор.

На новинарско прашање кој ќе ја сноси одговорноста за бегството на Груевски, тој вели дека ако граничната полиција направила пропусти, ќе има последици.

„Апсолутно секој процес го водиме транспарентно и нема ништо тајно и заткулисно. Пропусти нема направено ниту една институција единствено ако граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи секоја постапка и сè ке биде јавно објавено“, рече премиерот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари