Заев и Столтенберг разговарале телефонски, честитки до граѓаните и пратениците

Претседателот на Владата, Зоран Заев преку неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“  му заблагодари за честитката на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кој вечерва разговарале телефонски.

„Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија. Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас“, напиша Заев на социјалната мрежа.

Во Собранието вечерва беа усвоени уставните измени, со кои македонската страна го заокружи договорот со Грција потпишан во Преспа, а со којшто Македонија се обврза да го промени името во Република Северна Македонија. Следен чекор е гласањето на измените во грчкиот парламент, по што земјата официјално ќе го промени името.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари