Премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче, пристигнаа во Турција, каде вечерва ги очекува вечера со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тие беа пречекани од заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј.
Како што соопшти владината рпес служба тие отпатуваа во Турција по покана на турскиот претседател Ердоган.
Во продолжение на посетата, премиерот ќе има работна вечера со претседателот Ердоган.
Според владината прес-служба, на средба се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството.
https://youtu.be/D7Fxc29ls_k