logo
logo
logo

Миле Лефков

„Kина продава по 30 долари вакцина, ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ НУДЕЛЕ 60 ДОЛАРИ“

Vecer | 13.03.2021

„Kина продава по 30 долари вакцина, ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ НУДЕЛЕ 60 ДОЛАРИ“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, прашува дали министерот Венко Филипче уплатил на сметка на Стабри Интернешенал 12.5 милиони долари на сметка во Дојче банк?!

- Министерството за здравство на сметка на Стабри Интернешенал, фантом фирма од Хонг Хонг уплатила 12.5 милиони евра за 200.000 вакцини. Документ издаден од Дојче банк на 25 јануари 2021 година, која требала да послужи за склучување на договор со Синофарм за купување на 200.000 вакцини за потребите на Македонија го потврдува тоа, вели Лефков.

Тој прашува од каде и на фирма со тројца вработени 12.5 милиони долари и дали овие пари, се парите кои македонската влада на Заев и Филипче ги уплатила како аванс за набавка на вакцини?!

- Ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина. Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на Синофарм чини најмногу до 32 долари. Дали Заев и Филипче сакале да купат вакцина по цена двојно поголема од таа што ја плаќаат другите држави. Зошто Заев и Филипче сакале да платат дупла цена од најскапата, вели Лефков.

Лефков потенцира дека ова е профитерство на сметка на здравјето на граѓаните.

- Дали разликата од 30 долари требала да заврши на други сметки, односно на сметка на фантомската Стабри Интернешенал, за потоа преку оф шор сметки да бидат испумпани парите и да завршат во џебовите на функционерите од врвот на власта?! Заев и Филипче да кажат каде требало да завршат 6 милиони долари? ЈО да не молчи и да се прави ненадлежно, туку да го испита случајот, во кој минимум 6 милиони долари ќе завршеле во приватни џебови, изјави Лефков.

Тој нагласи дека очекува институциите да постапат согласно закон, а Филипче да си даде оставка веднаш.

Министерот Филипче пак изјави дека на опозицијата и сметало што добро работеле.

- После иницијалните обиди да стигнеме до прозводителите и не успеавме, од нашите кинески компании тука добивме препорака како да стигнеме до произвоидтелите. И стигнавме до нив, разговаравме и за количините и за времето на транспорт. После известувањето на тамошното министерство ни беше укажано дека не е тоа патот по кој треба да се оди и ние тоа го испочитувавме. Какви провизии кога ние сме направиле уплата и таа е вратена, рече Филипче за Телма

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ZVXggWgoybY[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk