logo
logo
logo

Заев го прифати БАРАЊЕТО НА ВМРО - ДА СЕ НАМАЛИ ДДВ ЗА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

Vecer | 15.06.2021

Заев го прифати БАРАЊЕТО НА ВМРО - ДА СЕ НАМАЛИ ДДВ ЗА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Одлуките, како што изјави, допрва следуваат и се дел од програмата на Владата за екологија.

ВМРО ДПМНЕ со месеци инсистира да се намали ДДВ за потрошена електрична енергија од 18 на 5 % како би се амортизирале п0следиците за граѓаните и компаниите по најавеното поскапување на електричната енергија, со оваа најава Заев го прифати барањето на ВМРО ДПМНЕ

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.

Но, намалувањето на ДДВ не е трајно - Заев го пласира како предизборен адут. Намалувањето на ДДВ-то на струјата се планира околу 1 јули и според премиерот тоа ќе важи до 1 јули 2022 година кога ДДВ-то ќе биде 10 проценти до 1 јули 2023 година - кога повторно ќе се врати на 18 проценти.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk