logo
logo
logo

ЗАЕВ ГО БИРА ШИЛЕГОВ: Мисли дека имал изградено рејтинг

Vecer | 05.06.2021

ЗАЕВ ГО БИРА ШИЛЕГОВ: Мисли дека имал изградено рејтинг

Откако вчера ги демантираа шпекулациите за заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека негов фаворит за градоначалник на Град Скопје е актуелниот, Петре Шилегов.

Заев вели дека верува во Шилегов кој според него изградил висок рејтинг и бил спојка и на со коалицијата.

- Јас сум претседател на СДСМ и им давам поддршка на кандидатите за градоначалници бидејќи тие посветено работата изминативе години. Ќе се слушнат и мислењата на граѓаните. Верувам дека Шилегов има изградено висок рејтинг бидејќи во време на пандемија и во време на референдум се работеше. Локалните избори се избори на личност. И тој е добра спојка за сите коалициони партнери, кажа Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk