logo
logo
logo

Заев ги однесе Вучиќ и Рама на прошетка, па на кафе

Vecer | 28.07.2021

Заев ги однесе Вучиќ и Рама на прошетка, па на кафе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва прошета низ Скопје со својот домаќин, премиерот на Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама.

За време на прошетката, скопјани се приближија да се поздрават со лидерите од трите земји, а некои сакаа и да направат селфи со нив, што Вучиќ, Рама и Заев со задоволство го прифатија.

Вучиќ изјави дека не бил во Скопје долго време, од младоста.

Граѓаните ги запреа Вучиќ, Заев и Рама за време на прошетката, со цел да им посакаат добредојде.

„Многу ми е драго што дојдовте во Скопје, многу ве почитувам“, му рече една постара жителка на Скопје на претседателот на Србија, за што Вучиќ и се заблагодари.

„Македонците се љубезни луѓе. Србите и Македонците секогаш се сакаат, никогаш немало никакви проблеми, но важно е да продолжиме да градиме такви односи“, рече Вучиќ.

Заев додаде дека целта на соработката меѓу трите земји е да им се олесни животот на граѓаните, земјите да бидат подобра услуга за нив.

По прошетката, тројцата влегоа во ресторан, каде што ќе продолжат неформалните разговори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk