logo
logo
logo

Заев: Европа има проблем, ПРОБЛЕМОТ Е ЕУ

Vecer | 23.06.2021

Заев: Европа има проблем, ПРОБЛЕМОТ Е ЕУ

Денес Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан, рече премиерот Зоран Заев на денешната средба со албанскиот премиер Рама.

Според Заев тоа било проблемот што 26 членки не успеваат да спречат блокада од една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ.

-  Но, ние не сме сами и нема да бидеме изолирани. Македонскиот и албанскиот народ имаат ист пат, иста визија и исти вредности, а тоа се европските вредности. Ние сме Европа без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не. Нашите народи и Влади среде Балкан покажуваат европски манири. Тука сме со премиерот Рама за да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите, изјави Заев.

Заев вели дека гласот на Бугарија да не ја одобри рамката, наспроти останатиот глас на сите други земји не е во духот на добрососедските односи.

- Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Прогресот треба да зависи од реформите и спроведување на европските стандарди. Токму затоа сметаме дека во рамката не смеат да се внесуваат билатерални прашања. Тоа ќе биде страшен преседан, рече Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk