Сè уште нема формална одлука на грчката Влада за отворање на границите, затоа е направен тој застој на македонско-грчката граница, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање за тоа зошто македонските граѓани кои чекаат на граничниот премин нема на можат за ја поминат границата без формална одлука, иако беше најавено, и од грчка и од македонската страна, дека граничниот премин денеска ќе биде отворен.

Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и да можат да минуваат граѓаните, рече Османи.

Тој ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија. Претседателот на неговата Влада, Зоран Заев вчера соопшти дека од денеска, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела.

Влезот на македонските граѓани во Грција ќе им биде овозможен, но под одредени услови.

Имено, во соседна Грција ќе можат да отпатуваат само оние кои ќе имаат обезбедено негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или ги имаат примено двете дози од вакцината против корона вирус. Негативен ПЦР тест мора да се приложи и за децата над 5-годишна возраст.

Важна информација за нашите граѓани кои ќе одлучат да отпатуваат во Грција е дека задолжително треба да се најават на грчка веб страница и тоа 24 часа пред пристигнувањето на граница, и да имаат пополнето формулар со лични податоци, контакт на лице во случај на итна потреба, како и адреса на престој додека сте во државата.