logo
logo
logo

Заев единствен кандидат за претседател на СДСМ

Vecer | 27.02.2021

Заев единствен кандидат за претседател на СДСМ

Само актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев, поднел кандидатура за нов мандат како претседател на партијата, на внатрепартиските избори кои ќе се одржат на 21 март, пренесе „360 Степени“.

Тој вчера до седиштето на партијата поднел кандидатура и програма за новиот мандат.

Право на глас ќе имаат близу 70 илјади члена, кои го обновиле членството во партијата, или се зачлениле во СДСМ.

За внатрепартиските избори е избрана Централна изборна комисија. Претседателка на комисијата е Викторија Аврамоска Мадиќ, потпретседателка Неда Гацова, а члемнови Снежана Калеска Ванчева, Марко Михаилоски и Бранко Георгиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk