Заев до АРМ: На вашите униформи е закачен највредниот орден, поканата за НАТО

Влегуваме во НАТО како рамноправна 30-та земја членка на Алијансата. НАТО е сигурност и безбедност за една држава и нејзините граѓани, но НАТО е и повисок животен стандард, и инвестиции, нови работни места, повисоки плати, и современо здравство, и квалитетно образование. Ова стои во честитката што премиерот Зоран Заев утрово ја упати до армијата, по повод Денот на Армијата на Република Македонија.

„Овој драгоцен потенцијал што го вложувате во својата земја од независноста на Македонија, и во светот, оваа 2018 година го постави на вашите униформи највредниот орден што секогаш ќе стои на вас. А со којшто `не направивте горди и сите нас во Македонија. Тоа е поканата за отворање пристапни преговори за членство во НАТО“, се вели во честитката на Заев.

Тој понатаму се обраќа до армијата, велејќи дека со оглед на тоа што со години нејзините припадници стојат рамо до рамо со своите колеги од НАТО, најдобро знааат што значи земјата да виде под закрила на Алијансата, што благодарение на нив станува реалност.

„Оддавам почит и признание за сиот ваш труд, трпение, непреспиени ноќи, и пред се надеж, и верба – дека еден ден Република Македонија ќе ја биде. Дека ќе се почитува според светските стандарди вашата професионална работа, и ќе биде добро за сите граѓани. Благодарам што овозможувате на граѓаните и на Македонија да продолжат напред. Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Македонија, на сите во државата“, порача првиот човек на Владата во честитката до армијата.

.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари