logo
logo
logo

Заев дезориентиран во дебатата, заборавил како во опозиција злоупотребуваше несреќни случаи

Vecer | 20.09.2021

Заев дезориентиран во дебатата, заборавил како во опозиција злоупотребуваше несреќни случаи

Премиерот Зоран Заев дезориентирано ја започна дебатата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само Вистина“ на Канал 5. Заев како да не се подготвил за дебатата и како да нема допир со реалноста за бројните скандали кои се случија периодов, па како по навика започна да се служи со старите флоскули и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, како да не е премиер, туку како да е опозиција изминативе 4 и пол години.

Заев како да заборави и како пред да дојде на власт ја злоупотребуваше секоја ситуација, па започна да зборува за политички профитеризам. Сега започна да ја обвинува опозицијата дека ги коментирала сите детали особено за трагедијата во Тетово во модуларната болница во која загинаа 14 лица.

Заборавајќи дека додека беше опозиција злоупотреби многу случаи и глумеше истражител и судеше надвор од официјалните истраги и факти, сега вели дека не требало предвреме да се коментира, туку да се чека истрагата.

- На крајот не е мое, ниту ние двајцата треба да коментираме дел од истрагата, треба да оставиме истражните органи да кажат, рече Заев.

Заев се надоврза дека трагедијата не требало да се злоупотребува, однесувајќи како никој да не се сеќава кога лично тој ги злоупотребуваше случаите Смиљковско Езеро, Диво насеље, како и смртта на Никола Младенов, Мартин Нешковски и малата Тамара.

Потоа додаде дека ако не се граделе споменици, ќе се граделе болници, заборавајќи дека 4 ипол години е на власт, а не изгради ниту една болница и ја стопираше и изградбата на новиот Клинички.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk