logo
logo
logo

Стоилковски:

Заев да не помислува да игра со идентитетот, наместо деманти да го покаже предлогот

Vecer | 21.06.2021

Заев да не помислува да игра со идентитетот, наместо деманти да го покаже предлогот

Ова е видео колаж од изјави во однос на Македонија и Бугарија, што завршува со она коешто стигна од Бугарија како информација испратена од, како што велат од таму од официјални лица за медиумите, дека е даден предлог со пет формулации од кои за едната од нив станува збор за ист јазик, меѓународно признати како два јазици, истакна за медиумите Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.  

- Видеото е кус потсетник за се она што Заев го зборува последните четири години. Ова е кус потсетник за пораките коишто Заев постојано ги упатува до Софија. Ова е кус, но веродостоен доказ како основа за верба во брифирањата од официјална Софија за бугарските медиуми дека Заев дал предлози во коишто за македонскиот јазик било наведено дека е ист јазик со бугарскиот јазик. Ист ист јазик, но во две држави признати како два јазици.

Доколку Заев го понудил ова решение, тогаш ја прифатил тезата еден народ во две држави и во целост ја побугарчува Македонија и ја брише македонската културна и јазична посебност.

Полошо од бугарските негации на Македонците и македонското, се искажаните ставови на Зоран Заев, неговата понизност и подготвеност за предавство.

Зоран Заев со неговите досегашни изјави, Зоран Заев со неговиот актуелен молк, Зоран Заев со бегството од носењето документ во Собранието дека за идентитетските одредници никој не смее да преговара, остава впечаток и предизвикува чувство дека понудил бришење на македонскиот идентитет во целост.

Зоран Заев да не помислува да си игра со македонскиот национален идентитет, да не си игра со македонскиот јазик, со македонската култура, со македонската самобитност и македонската историја, затоа што ќе добие жесток одговор на било каков обид за ништење на македонскиот национален идентитет.

Најдобар демант наместо поразни флоскули, е предочување на предлогот пред јавноста, за таа сама да ја оцени вистинитоста, рече уште Стоилковски. 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=TNFh4jCquiA[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk