Заев: Да изградиме европско Крушево во европска Македонија

Развој на инфраструктурата, задржување на младите, поддршка за занаетчиството и поврзување со селата, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев од вечерашниот предизборен митинг во Крушево.

 

Развој на инфраструктурата, задржување на младите, поддршка за занаетчиството и поврзување со селата, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев од вечерашниот предизборен митинг во Крушево.

Заев и пред крушевчани вети дека правда во Македонија ќе има.
- Само со чесни политичари, здружени, единствени, Македонија ќе оди напред. Да изградиме европско Крушево во европска Македонија, рече Заев.

Според него, режимот завршува и во Крушево, и тука ќе има живот за сите.

- Крушево каде ти се младите, каде ти е детскиот џагор, каде се кројачите, казанџиите, локумџиите. Да изградиме инфраструктура и овде да чуваме деца и да растеме внуци. Да создадеме вистински развој на Крушево и поврзување со селата. Не влече Крушево и по зимата и по Тоше, да го вратиме животот во градот, дополни Заев.

Тој ги повика младите да останат во градот зашто, како што рече, ќе имаат иднина преку младинската гаранција за дошколување и за нови работни места.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средби и со жителите на Долнени, Кривогаштани, Дебреште и Лажани.

По Крушево, СДСМ и коалицијата „Живот во Македонија" одржуваат централен митинг во Прилеп.

Поврзани

Најнови вести

Коментари