logo
logo
logo

Заев – Ципрас: Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија

Vecer | 01.07.2021

Заев – Ципрас: Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија


Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан, ова го закучија премиерот, Зоран Заев, со претседателот на партијата Сириза, актуелен пратеник во грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Како што соопштија од Владата, Заев и Ципрас се согласиле дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција.

„Пораките кои глобално се испраќаат од „Преспа форумот за дијалог“ потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, кој денеска и утре во Охрид и Преспа го уважуваат и почитуваат стотици високи гости од регионот, Европа и светот за да ги афирмираат вредностите што произлегуваат од духот на Договорот, заклучија соговорниците. Суштината што во себе ја носи Договорот од Преспа, споделија Заев и Ципрас, со својата сила и значење ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан“, соопштија од Владата.

На средбата било констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека спогодбата која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина без разлика кој е на власт.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk