Заев: Без опозицијата ништо не можеме, немаме дво-третинско мнозинство

Никој не го чепка името Македонија. Дајте да појасниме дали имаме територијални претензии, што ќе правиме, Солун ќе го освојуваме? Знам дека никој нема територијални аспирации, рече премиерот Заев на денешната расправа за уставните амандамни и уште еднаш ги повика пратениците да размислат до одлуката за гласање.

„Разговарав со сите пратеници и знам дека има огромен број на пратеници од опозицијата на кои тешко им паѓа помислата што ако се испушти оваа шанса. Подобар договор нема, да видиме дали можеме со уставните измени да ги приближиме ставовите. Дефинитивно НАТО и ЕУ останува нешто што политички, етнички и верски не држи заедно. Вредно е да се размисли, а едноставно е да се каже не. Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент, немаме дво-третинско мнозинство. Имаме време сега и на пленарна седница. Граѓаните ќе бараат одговори, дали сме биле на ниво на историската одговорност“, изјави Заев.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари