logo
logo
logo

ЗАЕДНИЧКИ ОДМОР НА МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ ДЕЦА, договарале Пендаровски и Радев

Vecer | 28.05.2021

ЗАЕДНИЧКИ ОДМОР НА МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ ДЕЦА, договарале Пендаровски и Радев

Заеднички одмор на македонски и бугарски деца, наводно договориле македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговиот колега од Бугарија, Румен Радев за време на посетата во Рим. Според Радев тие ја разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

– Ако успееме тоа да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди – нагласи Радев.

Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на  С Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега.

– Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите – рече Радев.

Како што јави БГНЕС, тој нагласи дека во моментов бугарската Влада работи заедно со Владата на С Македонија и дека наскоро Бугарија ќе донира „значителна количина“ вакцини за земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk